ЗА ВОЈНАТА

  • Ванчо Кенков Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: ВОЈНА, ВОЈУВАЊЕ, ФИЛОЗОФИЈА, ПОЛИТИКА, КЛАУЗЕВИЦ

Апстракт

Безбедносните студии не можат да ги заобиколат војната и процесот на војување. Дебатите за изменетата природа на војната се стари колку и самиот поим за војна. Авторот ги поставува прашањата: Дали е и понатаму релевантен Клаузевиц со еволуираниот концепт за бојно поле?!; Каков е придонесот на нарациите за политичко насилство и тероризам во процесот на воената мобилизација?!; Дали и како можеме да ја проучуваме модерната војна преку призмата на културата?!; и Дали војната сè уште постои во очите на меѓународното право?! Во анализата за војната кога се користи примарното тројство (на Клаузевиц) како аналитичка рамка, станува очигледно дека теоријата на Клаузевиц за војната е доволно широка и флуидна за да го опфати целиот воен спектар, вклучително и нерегуларните недржавни конфликти. Концептот на наратив може да придонесе за теоријата и истражувањето на феномените на тероризам, политичко насилство и радикализација. Истражувањето на тековната значајност на концептот на војна вклучува прашања од суштинска важност за забраната за закана за употреба на сила или употребата на сила во член 2(4) од Повелбата во време на засилена волја за употреба на сила како инструмент на надворешната политика. Остануваат неодговорени прашањата за тотална војна, за врската меѓу војната и глобализацијата и промените во војувањето кај напредните индустриски демократии на Запад.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-16