ПЕРСПЕКТИВАТА НА НОВООСИРОМАШЕНИТЕ ГРАЃАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Апстракт
Сиромаштијата е мултидимензионален феномен што одговара на извесни животни услови кои значат неможност да се учествува во општествениот живот на заедницата на која ѝ припаѓаме. Сиромашни имало, ги има и денес, насекаде во светот.
Повеќегодишните мерења и квалитативни анализи на сиромаштијата во Република Македонија, овозможија да ги идентификуваме основните профили на сиромашни граѓани.
Врз основа на мерењето и анализата на сиромаштијата во Република Македонија, може да говориме за три профила на сиромашни граѓани: традиционално сиромашни, хронично сиромашни и новоосиромашени граѓани.
Раководени од Милсовиот творечки опус, во овој труд сме фокусирана кон микросоциолошките истражувања поврзани со сиромаштијата во Република Македонија. Прифаќајќи го неспорниот факт дека секоја општествена појава на овој или оној начин е поврзана со општествената структура во трудот се анализирани новоосиромашените граѓани. Посебно внимание е посветено на нивниот статус и улога која ја имаат во Република Македонија.