РАЗВОДОТ КАКО РИЗИК ФАКТОР ПРИ ПЕРЦИПИРАЊЕ НА РОДИТЕЛСКО ОТФРЛАЊЕ ОД СТРАНА НА ДЕЦАТА

  • Орхидеја Шурбановска
Клучни зборови: перципирано родителско отфрлање, дете, родители во брак, разведени родители

Апстракт

Целта на оваа студија е да се испита дали разводот на родителите е фактор на ризик при перцепцијата на децата за отфрлање од родителите. Примерокот вклучува вкупно 99 испитаници, од кои 33 се деца чии родители се разведени и 63 чии родители се во брак. Децата во обете групи не се разликуваат значително во однос на возраста или полот (возрасен опсег: 6 - 17 години, Mраз=11±2,9, Mбрак=12±2,2 години, околу 65 % се женски во обете групи). Беше употребена кратката форма на инструментот Child PARQ за да се процени перцепцијата на детето за прифатеност или отфрленост од родителите. Повисоките скорови на тестот покажуваат поголема отфрленост од родителите. Наодите покажуваат дека повозрасните деца ја проценуваат мајката како повеќе отфрлувачка, отколку помалите, но само во групата на разведени родители (r = 0,44; p <0,05). Беше спроведена двонасочна АНОВА која го испитува ефектот на полот и видот на семејството врз резултатите од PARQ. Добиено е дека само главниот ефект на видот на семејство е значаен, без разлика на полот на детето (F (1,95) = 204,537, p< 0,01). Децата на разведените родители ги оцениле обајцата родители повеќе отфрлувачки, додека децата на родителите во брак ги оцениле повеќе прифаќачки. Понатаму, резултатите од PARQ за мајка и татко, посебно, позитивно корелираат во групата на деца на родители во брак (r=0,56, p<0,01), додека не се најде значајнa поврзаност во групата разведени родители. Делумно η2 = 0,69 означува висок ефект и потврдува дека разводот е значаен фактор на ризик за перцепцијата на децата за отфрленост од родителите.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-16