СКАЛА ЗА МЕРЕЊЕ НА ФЛЕКСИБИЛНОСТА НА ОБЛАСТИТЕ РАБОТА И СЕМЕЈСТВО: ПРВИЧНА ПРОЦЕНА НА ПСИХОМЕТРИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРИМЕРОК СОСТАВЕН ОД НАСТАВНИЦИ

Клучни зборови: флексибилност на границите, работа и семејство, психометриска процена, факторска структура

Апстракт

Истражувањето на начинот на управување со работата и семејството како две различни области станува мошне важно заради зголемениот број семејства со двојна кариера, дигитализацијата и промените во временскиот распоред на работа (флексибилно работно време). Целта на овој труд е да се испитаат психометриските карактеристики на скалата за мерење на флексибилноста на областите работа и семејство во македонски контекст. Примерокот го сочинуваа 200 наставници од основно, средно и високо образование. За проверка на факторската валидност на скалата беше применета експлораторна факторска анализа (метод на факторирање главни оски со promax ротација), додека за дополнителна проверка на конструкт валидноста беше применет Пирсонов метод на корелација. Релијабилноста на скалата беше оценета врз основа на коефициентите на внатрешна конзистентност. Беа идентификувани 4 фактори: можности за преминување на границата на работниот домен, мотивација/желба/подготвеност за преминување на границата на работниот домен, можности за преминување на границата на семејниот домен, подготвеност за преминување на границата на семејниот домен, согласно со факторскиот модел на оригиналната скала. Исклучок беше еден исказ/ајтем со факторско заситување на факторот можности за преминување на границата на работниот домен, наместо на факторот подготвеност за преминување на границата на работниот домен, како што беше претпоставено. Сите фактори/супскали покажаа задоволителна релијабилност. Генерално, резултатите покажаа дека оваа скала може да се користи за истражувачки цели во нашиот контекст. Неопходни се дополнителни испитувања со примена на мултигрупна конфирматорна факторска анализа со цел да се потврди овој модел и неговата стабилност кај различни групи вработени.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-16
Како да цитирате
Блажевска Стоилковска, Б. (2021). СКАЛА ЗА МЕРЕЊЕ НА ФЛЕКСИБИЛНОСТА НА ОБЛАСТИТЕ РАБОТА И СЕМЕЈСТВО: ПРВИЧНА ПРОЦЕНА НА ПСИХОМЕТРИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРИМЕРОК СОСТАВЕН ОД НАСТАВНИЦИ. Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 74(1), 253-266. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/2328