ПРИМЕНА НА АНАЛИЗАТА НА СОДРЖИНА ВО ПЕДАГОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА И ПРАКТИКА

  • Наташа Ангелоска Галевска
  • Маја Јаневска
Клучни зборови: АНАЛИЗА НА СОДРЖИНА, ИСТРАЖУВАЧКА ТЕХНИКА, ЛЕКТИРНИ ДЕЛА, ПЕДАГОГИЈА

Апстракт

Aнализата на содржина е една од најстарите и најчесто применувани истражувачки техники во општествените истражувања и педагогијата, техника која има исклучително значење и придонес за развојот на педагошката наука и практика. Во почетокот на нејзината примена се настојувало оваа техника да има квантитативен карактер, а подоцна се развива и како квалитативна истражувачка техника која служи за откривање на скриените, симболички значења на содржината во одреден контекст.

Во современото значење и облик, анализата на содржина има голем потенцијал за примена во проучување на педагошките феномени, но и за примена во секојдневната воспитно-образовна работа во училиштето и вонучилишните активности.

Во конкретното истражување, анализата на содржина е применета во наставата по Македонски јазик во првите два образовни циклуси од основното воспитание и образование. Предмет на анализа се лектирните дела кои се предвидени по овој наставен предмет, што вклучува лектири од домашни и странски автори со различна жанровска и родовска припадност.

Резултатите нудат квантитативни показатели за процентуалната застапеност на одделните видови лектирни дела и квалититативна анализа во однос на нивната содржина, воспитните и емоционални потенцијали и етичкото влијание врз учениците.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-16