ИМПЕРАТИВОТ ОДГОВОРНОСТ: ВРАЌАЊЕТО НА ЕТИКАТА ВО НАУКАТА

  • Дејан Донев
Клучни зборови: етика, одговорност, наука, истражување, научник

Апстракт

Во екот на самозадоволството од техничко-технолошкиот прогрес во 20 век, како да се заборави дека науката и философијата започнуваат со чудењето, зачуденоста. Чудењето, секако, во себе содржи и димензија на незнаење. Незнаењето, барем според Аристотел, е незнаење на причината која луѓето се обидуваат да ја дознаат. Така се раѓа науката, се отпочнуваат научните процеси, кои се слични и за време на решавањето на геометриски, астрономски или проблеми од современата генетика.

Но, забрзаниот развој на техниката во 20 век едновремено му остави на човекот и една сосема нова морална ситуација на ширење на научните и технолошките достигнувања, еден процес кој е незапирлив антрополошки феномен затоа што тоа е онтолошка одредница со која настапува современиот човек. Општеството, заедницата, навистина има тешка задача да балансира меѓу научната слобода на изразување и одговорноста за чување на социјалните норми и општествените вредности.

Постоечките претежно хетерономни забрани, иако потребни, не се доволни доколку кај самите научници не биде развивана свест дека треба да се следат општите хуманистички морални начела и начелата на научната критичност, особено принципот одговорност.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2021-12-16