ВАЖНОСТА ОД ГРИЖАТА ЗА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ

  • Македонка Радуловиќ
  • Мартин Митевски
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376819r
Клучни зборови: мажи, здравје, болести, грижа, фактори на ризик, превенција

Апстракт

Се чини дека не е потребна детална статистика која ќе ни потврди дека мажите имаат тенденција да ги избегнуваат медицинските прегледи, многу почесто отколку жените. Но, доколку се потпреме на истражувањата, се смета дека постои веројатност од над 95 % дека жените попрво ќе ги посетат медицинските лица, со цел да извршат прегледи, превентивни заштити и разни здравствени консултации, во споредба со мажите (иако жените имаат значително поголем животен век). Оттука, неопходно е да се потенцира важноста од превентивните здравствени прегледи на мажите. Навремените консултации со доктор можат да доведат до спречување на појавата на разни болести, особено на оние кои можат да бидат фатални по живот. За среќа, овие состојби можат да се спречат и да се излечат, но за тоа треба да се направат поагресивни кампањи, кои ќе ја развијат свесноста на мажите за споменатите теми. Овој труд ги анализира моменталните состојби и расположливите податоци за машкото здравје. Исто така, преку квантитативна истражувачка студија, има за цел, да добие подетална слика за состојбата во Република Северна Македонија.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2023-12-16