ВАЖНОСТА НА ПЛАНИНАРЕЊЕТО И УЛОГАТА НА ПЛАНИНАРСКИОТ ВОДИЧ ВО ПОДДРШКАТА НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

  • Наташа Чичевска Јованова
  • Оливера Рашиќ Цаневска
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376719chj
Клучни зборови: аутистичен спектар на нарушување, планинарење, водич

Апстракт

За многу семејства, идејата за излегување, прошетки и семејни авантури може да биде сон што е избришан со детерминирањето на аутистичен спектар на нарушување кај детето. Добро се документирани јазовите во здравјето и квалитетот на животот на младите луѓе со аутистичен спектар на нарушување (АСН). Еден особено забележлив јаз кој влијае и на физичкото здравје и на квалитетот на животот е во областа на рекреација на отворено, особено вклучувајќи ги активностите за рекреација како велосипедизам, планинарење, трчање, кану/кајак, јавање коњи и скијање.

Од мноштвото активности на отворено за промовирање на физичката кондиција, планинарењето е можеби најразновидно и најпристапно за луѓето со АСН. Планинарењето е природно продолжение на пешачењето. Тоа е една од првите вештини што ги стекнуваме, една од најважните активности во секојдневниот живот и една од ретките форми на рекреација што не бара специфична опрема и услови. Од друга страна пак, освен можеби најгусто населените урбани области, речиси секогаш има патеки во близина. Во последно време дури и урбаните планинарења што се движат низ градот стануваат сè попопуларни.

Без разлика дали се искачувате низ планините на експертско ниво или се шетате по патека, планинарењето ги поттикнува вашите деца да се движат, што е од огромно значење во нашето современо општество, кога се чини дека детството секоја година се повеќе е исполнето со време поминато пред екранот, а кај децата со аутизам ова може да стане сериозен проблем.

Основната цел на овој труд од една страна е да се зголеми свеста за значењето на планинарењето за психофизичкото здравје, како на лицата од општата популација така и на лицата со АСН, но и да се дадат препораки за пристапот и начинот на организирање на активности на планинарење за лицата со АСН, од друга страна.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2023-12-16