КОНЦЕПТОТ ЗА МИР ВО ТЕОРИЈАТА ЗА МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ

  • Александар Павлески
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376557p
Клучни зборови: мир, федерализам, неореализам, либерализам, функционализам

Апстракт

Развојот на концептот за мир, тесно е поврзан со развојот на концептот за државата и оттука и со настојувањата да се елиминира војната како инструмент за разрешување на споровите помеѓу државите. Во тој контекст, војната и мирот традицонално се третираат како меѓусебно исклучувачки концепти, т.е. војната имплицира насилство, додека мирот, ненасилство. Значи, престанокот на војната го означува почетокот на мирот и обратно. Затоа и двата концепти, истовремено претставуваат неизбежни исходи на континуираната и динамична природа на социјалната интеракција во меѓународниот систем, навестувајќи идна војна на нациите и државите кои моментално се во мир и од друга страна, навестувајќи мир на нациите и државите кои моментално се во војна. Тргнувајќи од посоченото традиционално сфаќање на концептите за мир и за војна, како и од фактот дека етаблирањето на мировните истражувања започнува во 80-тите години на XX век, фокусот во трудот е конкретно ставен на анализа на концептот за мир низ призмата на теоријата за меѓународни односи. Имено, неспорно е дека до етаблирањето на мировните и безбедносните истражувања и студии, прашањата за мирот и безбедноста, генерално се разгледуваат и толкуваат во рамките на различните теориски правци за меѓународните односи. Оттука, трудот поконретно го истражува еволутивниот карактер на перцепциите и разбирањето на концептот за мир, посебно од аспект на: федерализмот, неореализмот, либерализамот и функционализмот. Целта е да се даде одговор на прашањето – Што претставува и како може да се достигне мирот, согласно со посочените теориски правци?

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2023-12-16