ЗА ХУМАНАТА ДИМЕНЗИЈА НА СОВРЕМЕНИТЕ ВООРУЖЕНИ КОНФЛИКТИ НИЗ БРОЕВИ И ПРАВОТО
Апстракт
Преиспитувањето на класификацијата на современите вооружени конфликти го правиме низ анализа на хуманитарното право и достапните податоци за вооружените конфликти, со комбинирање на правните, политичките и етичките димензии на војната и статистичките показатели на современите конфликти. Авторот одговара на прашањата за: Дефинирањето на конфликтот согласно со различните филозофски, општествени и легални критериуми со културниот, правниот и политичкиот пристап на војната и соодветните причини за настанувањето и пролонгирањето на конфликтите; и главните трендови на конфликтите низ бројното присуство на конфликтите на глобалната сцена, бројот на жртвите, регионалното поместување на конфликтите и улогата на Исламската Држава. Во анализата на конфликтите се потенцираат сложеноста на современите конфликти низ проширените категории на жртви и борци како и потребата за заштита на жртвите. Оттука истражувањето ја допира проблематиката на применливоста на категориите законски и незаконски борец и соодветниот имунитет кој ги следи. Истражувањето на трендовите на современите вооружени конфликти не може да ги избегне ниту етичките димензии околу категоријата децавојници. И понатаму останува нерешен проблемот од методолошки аспект за утврдувањето на прецизна статистика за индиректно загинатите цивили кои и понатаму претставуваат најбројна категорија.