ПРЕДВИДУВАЊЕТО КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ПЛАНИРАЊЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА

  • Оливер Бакрески
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376421b
Клучни зборови: предвидување, прогнозирање, процена, планирање, безбедносни функции

Апстракт

Предвидувањето е составен дел на процесот на планирање и аналогно на тоа без предвидувањето не можеме ниту да се обидеме да ја разбереме сета сложеност на денешниот свет, појавите и процесите што се случуваат во него, сложеноста на состојбите и на системите ако не се соочиме со потребата од нивно разбирање и предвидување. Анализирањето на сите аспекти на предвидувањето е мошне комплексна и тешка задача, бидејќи тоа се одликува со голема динамичност, сложеност и специфичност. Поради тоа, проучувањето на предвидувањето првенствено треба да се засновува на негово целосно разбирање и разграничување од другите функции на безбедносниот менаџмент за да се избегне каква било едностраност. Предвидувањето во рамките на овој труд првенствено има неколку значења. Прво, се одредуваат значајни специфики и карактеристики на предвидувањето. Второ, во контекст на согледување на предвидувањето акцентот е ставен на предвидувањето и прогнозирањето. Трето, теоретската експликација се однесува на утврдување на каузалноста на предвидувањето и планирањето за да се согледа дијалектичкиот однос и поврзаноста.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2023-12-16