ФАКТОРИ НА ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА И ПРОГРАМИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА
Апстракт
Проблемот на насилство во училиштата задава значителна грижа во многу земји во светот и кај нас заради огромните психолошкии физички последици кои ги носи на децата и младите.Во литературата може да се пронајдат истражувања уште пред четириесет години, кога оваа појава била дефинирана како агресивни, намерни и постојани дејствија извршени од група или поединец против жртва која не може лесно да се брани. Во поново време за насилство не се смета само физичко, туку и насилство преку социјалните мрежи, кое ни дава дополнителен поттик за негово понатамошно проучување, сè со цел да се застане на патот на насилството и колку е можно да се намали. Во овој труд се проучуваат теоретските и емпириските сознанија за некои значајни фактори кои придонесуваат за појавата на врсничко насилство, како што се: семејството, училиштето и карактеристиките на личноста на насилникот и жртвата. На крајот е претставен преглед на ефективни програми за превенција од насилството од различни земји во светот.