СТРАТЕГИИ И МЕТОДОЛОШКИ ПРАШАЊА ПРИ ИЗБИРАЊЕ НА ПРИМЕРОКОТ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ

  • Наташа Ангелоска Галевска
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376139ag
Клучни зборови: методологија, репрезентативни примероци, нерепрезентативни примероци

Апстракт

Во текстот се објаснуваат суштинските поими релевантни за работата со примероци, се разгледуваат карактеристиките на одделните примероци и стратегиите на нивно избирање и се елаборираат клучните методолошки прашања и дилеми присутни кај истражувачите во постапката на работа со примероци.

Изборот на примерок е суштински аспект при планирање на методологијата на емпириските истражувањаи има клучна улога во обезбедувањето веродостојност и валидност на истражувачките резултати. Истражувачите треба внимателно да ги разгледаат карактеристиките на популацијата и специфичните истражувачки цели и соодветно да ја изберат стратегијата за избор на примерок.

Репрезентативните примероци ја минимизираат пристрасностаи обезбедуваат повисоко ниво на доверба при генерализација на резултатите на поголема популација. Нерепрезентативните примероци се вредни во ситуации кога изборот на репрезентативен примерок е непрактичен или невозможен. Тие вклучуваат различни форми на пристрасност, но нудат флексибилност, исплатливост и практичност. Применливи се воквалитативни студии и при проучување на потешко достапни популации. Сепак, важно е да се внимава на нивните ограничувања и оправданоста за генерализација нанаодите вон конкретниот примерок.

Без оглед на употребенатастратегија, истражувачите треба да се стремат кон транспарентност, јасно документирање на постапката на избирање на единиците и потенцијалните ограничувањана примероците како клучни елементи за обезбедување

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2023-12-16