ЕСЕЈ ЗА ПРИСТАПИТЕ КОН РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Апстракт
Во овој есеј се прикажани основните пристапи на Европската Унија за родовата еднаквост. Втемелена на формалната и суштинската еднаквост, Европската комисија следи двоен пристап со интегрирање на родовата перспектива во современите општествени текови и со иницирање на специфични мерки. Родовото интегрирање претставува интегрирање на перспективата на родова еднаквост во секоја фаза на политичкиот процес – дизајнирање, имплементација, мониторинг и евалуација – со цел да се подобри еднаквоста помеѓу жените и мажите. Тоа значи проценка на влијанието на политиките врз жените и мажите и, доколку е тоа неопходно, преземање чекори за промена на политиките. Целта е родовата еднаквост да стане реалност и да се подобри процесот на креирање на политиките преку нивно приближување кон потребите на граѓаните. Исходот на систематско интегрирање на приоритетите и потребите на жените и мажите во сите политики е со цел да се унапреди еднаквоста помеѓу жените и мажите и да се мобилизираат сите генерални политики и специфични мерки за постигнување еднаквост и притоа активно и отворено да се земат предвид во фазата на планирање на нивните ефекти врз ситуацијата на жените и мажите одделно при имплементацијата, мониторингот и евалуацијата.