КОХЛЕАРНА ИМПЛАНТАЦИЈА КАЈ ДЕЦА СО ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ

  • Зора Јачова
  • Лидија Ристовска
Клучни зборови: КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТ, ДЕЦА, РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Апстракт

Кохлеарниот имплант е хируршки имплантиран уред што се користи за слушна рехабилитација на возрасни и на деца со тешка до длабока сензоневрална редукција на слухот и лоша говорна дискриминација кои имаат лимитиран бенефит од конвенционалните слушни помагала. Постојат сѐ повеќе докази дека раната апликација на кохлеарен имплант кај децата афектирани од длабока редукција на слухот има најголемо значење за развој на соодветни аудитивни перформанси и јазични вештини.

Индикација за кохлеарна имплантација кај децата е билатерална сензоневрална редукција на слухот > 80 dB одредена врз основа на слушни тестови. Кај конгенитална глувост, по комплетирање на дијагнозата, кохлеарниот имплант треба да биде поставен на возраст од 12 месеци.

Бидејќи посакуваниот исход од кохлеарната имплантација е да се развијат вештини за слушање и говорен јазик, неопходна е интензивна говорна и јазична терапија. Иако услугите се разликуваат врз основа на моменталното ниво на перформанси на секое дете, се препорачува аудитивна терапија кај децата по имплантацијата за да се максимизира користа од кохлеарниот имплант. Без оглед на тоа кој пристап е избран, рехабилитацијата по кохлеарната имплантација е долг процес. Родителите и членовите на семејството имаат голема улога во развојот на говорниот јазик на детето.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2022-12-16