РАЗВОЈ НА ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА ЗБОП И КРИЗНИОТ МЕНАЏМЕНТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

  • Сергеј Цветковски
Клучни зборови: ЕВРОПСКА УНИЈА, ЗНБП, ЗБОП, КРИЗЕН МЕНАЏМЕНТ, НАТО

Апстракт

Во рамките на институционалната структура на ЕУ постојат истовремено односи на соработка и натпревар. Според формулата дека формата ја следи функцијата, институциите на Унијата се одраз на целите на постоењето на Унијата, т.е. нивната архитектура е во функција на реализација на приоритетите на Унијата. Воспоставувањето и продлабочувањето на заедничката надворешна и безбедносна политика беше предизвикано и од надворешни и од внатрешни предизвици. Авторот се обидува да укаже на задоцнетото донесување на договорите од Мастрихт и Амстердам и соодветно нефукционалната надворешна безбедносна политика на ЕУ во однос на настаните на просторот на поранешна Југославија. Размислувањата се дека ЕУ била повеќе реактивна отколку активна. Се поставуваат прашањата за постигнатата функционалност на надворешното политичко дејствување на Унијата согласно со развиваните инструменти во безбедносната и одбранбена политика во годините кои следуваа; и зошто државите членки не беа способни да ги постигнат иницијално поставените Главни цели; како и за стравот дека независниот европски безбедносен столб би резултирал со намалување на значењето на НАТО. Достапните податоци укажуваат дека континуираниот развој на ЕБОП и кризниот менамент на ЕУ се институционално и функционално поврзани со НАТО при што двете институции се одвоиви, но не и одделни.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2022-12-16