КОНЦЕПТУАЛНA РАМКA ЗА РАДИКАЛИЗАМ И НАСИЛЕН ЕКСТРЕМИЗАМ

  • Тања Милошевска
Клучни зборови: радикализам, екстремизам, тероризам, насилство, отпорност

Апстракт

Во текот на изминатата деценија, радикализацијата се појави како можна најупорна концептуална рамка за разбирање на модификациите на насилство на микрониво. За насилниот екстремизам и тероризам може да се тврди дека се во функција на општеството - колку што е реалност на екстремистички групи или поединци кои се впуштаат во насилство поради идеолошки мотивации. Радикализација преку еволуирање или прифаќање на екстремистички верувања кои го оправдуваат насилството е еден од можните патишта за вмешаност во тероризмот, но секако не е единствениот. Информираните политики и практики за ублажување и спречување на ширењето на насилниот екстремизам бараат разбирање на овие видови варијации, а не само за општите трендови. Анализата на наративите што ги користат сегашните радикални и насилни екстремистички групи покажува дека социоекономските, политичките и личните незадоволства ефективно се користат за да се поколеба јавното мислење, да се дисеминираат пораки, да се добијат нови регрути и да се поттикнат симпатии. Овие наративи генерално се споени со карактеристични термини вградени во прашања за политичка нестабилност, социоекономска стагнација, граѓански судири и, во некои случаи и војна. Целта на овој труд е јасно да се разбере односот помеѓу овие поими, за да може превенцијата од насилство и/или закана од насилство да биде поуспешна.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2022-12-16