НАОЃАЈЌИ ГО ПРВИОТ ИМПЕРАТОР ОД ПОСЛЕДНАТА ВИЗАНТИСКА ДИНАСТИЈА: ОЛОВЕН ПЕЧАТ НА МИХАИЛ VIII ПАЛЕОЛОГ ОД КОЧАНСКО

  • Ирена Теодора Весевска
  • Виктор Лилчиќ
Клучни зборови: сигилографија, Палеолози, Византија, средновековие, источна Македонија

Апстракт

Оловниот печат на Михаил VIII Палеолог пронајден меѓу неколкуте средновековни артефакти при истражувањето на локалитетот Горно Градиште, с. Долно Гратче, Кочани, неговиот носител и неговата локација беа повод за одново нурнување во немирните води на 13тиот век и обид да се фрли дополнителна светлина врз неговите бројни и на места, темни слоеви.

Трудов се обидува да му даде поширок археолошки контекст на печатот и истовремено, тој археолошки контекст да го вметне во историското читање за човекот чие име ќе остане врежано во аналите на историјата како оној кој ќе успее да ја воскресне Византија и неговата поврзаност со овие простори.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2022-12-16
Како да цитирате