Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје е списание кои се издава еднаш годишно за потребите на наставно-образовната и научната дејност на Филозофскиот факултет во Скопје и вообичаено со објавување на зборникот се обележува роденденот на факултетот. Зборникот се издава периодично од 1948 година до денес и во него е запишана најстарата научна работа во Македонија. Во него се публикуваат изворни и прегледни научни трудови , стручни прилози, прикази на конференции и книги, резимеа на докторски десертации, одбележувања на значајни годишнини, сеќавање за нечиј научен век итн. Во прво време се објавуваа трудови на македонски јазик, но од неодамна се објавуваат и англиски верзии на овие трудови.