PRUDENTIA И ПРИРОДНИОТ ЗАКОН: СВ. ТОМА АКВИНСКИ

  • Јасмина Поповска

Sažetak

Спојувањето на двете мисловни традиции, Аристотеловата и христијанската, во етиката на св. Тома Аквински се отсликува и во конципирањето на prudentia. Prudentia во филозофијата на Аквински директно се моделира врз Аристотеловата φρόνησις, но конвергира во теолошките ознаки кои Аквински ѝ ги придава: врската на prudentia со теолошките доблести дадени со Божја благодат, врската меѓу prudentia и божествената providentia, врската на prudentia со љубовта, како и најзначајните ознаки – воведувањето на природниот закон и synderesis - вроденатa човечка способност да се препознаат вечните први принципи на моралното расудување.

Овој текст ги проследува карактеристиките на овој концепт во филозофијата на св. Тома Аквински и ги проблематизира новитетите кои тој ги воведува. Главната компонента која му дозволува на Аквински да ги преброди големите проблеми кои се јавуваат во дефинирањето на концепт е додавањето на природниот закон. Со ваквата интервенција на Аквински, флексибилноста на Аристотеловата етика е заменета со посигурни и извесни принципи кои ги одредуваат етичките дејствувања. Но, останува прашањето колку е вредно да се жртвува слободата на сметка на извесноста во рамки на етичкото одлучување и дејствување.

Downloads

Download data is not yet available.
Objavljeno
2021-12-16