ΕΠΙΣΤΌΛΙΑΠΑΡΑΚΛΗΤΙΚΑ И „ОСЛОБОДУВАЊЕТО“ НА АТИНА

  • Стефан Пановски
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2376233p

Sažetak

Фокусот на овој труд се околностите во кои Атина била „ослободена“ с. 255 г. Првиот дел се однесува на издржаноста на претпоставката дека „петициите“ споменати од Диоген Лаертиј во биографијата на Аркесилај навистина треба да се поврзат со „ослободувањето“ на Атина. Анализата на пасусот, како и на конкретната фраза, попрво упатува на друг заклучок – дека станува збор за приватни петиции, така што оваа информација не треба да се става во контекст на „ослободувањето“ на Атина; и следствено, дека нема корелација со прашањето за битката кај Кос. Второто прашање пак, се однесува на причините поради кои Антигон одлучил да ја „ослободи“ Атина; односно на претпоставката дека оваа одлука се должела на победата кај Кос. Анализата на изворниот материјал покажува дека иако ваквата претпоставка не може да се исклучи, сепак од друга страна не може ниту да се потврди. На крајот е понуден алтернативен контекст за „ослободувањето“ на Атина.

Downloads

Download data is not yet available.
Objavljeno
2023-12-16