Интелигенција наспроти рационалност
Апстракт
Последниве дее децении когнитиеите психолози ja истакнаа разликата помеѓу интелигенцијата и рационалноста врз основа на емпириски наоди дека дури и на индиеидуите со висока интелигенција им недостасуваат специфични знаења и стратегии неопходни за рационално мислење. Многу студии покажаа дека луѓето ce склони кон греилки ео рационалното мислење кога донесуваат одлуки, резонираат пробабилистички или каузално, го проценуеаат ризикот, расудуваат логички или научно. Згора на тоа, истражувањата обично известуеаат за слаба поврзаност на рационалноста со интелигенцијата и ce заклучува дека кај лицата со висок IQ само малку е поизразена веројатноста дека спонтано ќе усвојат дисјунктивно расудување во ситуации кога експлицитно не ce бара тоа. Овој труд го прикажува, главно, гледиштето на Кит Станович во однос на дебатата за интелигенцијата наспроти рационалноста, кое истакнува дека рационалноста е поширок поим од интелигенцијата. Една од неговите клучни поенти е дека IQтестовите не ги мерат сите когнитивни способности, mue не успеваат да ги измерат индиеидуалните разлики во рационалното мислење, па затоа е неопходно да ce воееде концептот на коефициент на рационалност (RQ) кој ce однесува на способностите да ce формираат рационални верувања и да ce nocmanyea рационално. Во тој контекст, Станович и неговите соработници неодамна конструираа прототип на тест за сеопфатно мерење на рационалното мислење (CART).
Во трудот ce опишани и структурата и психометриските карактеристики на
тестот.
Downloads
Авторски права (c) 2017 Елена Ачковска Лешковска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.