УЛОГАТА НА ОБУКИТЕ ВО СТЕКНУВАЊЕ ГО НА КОМПЕТЕНЦИИ ЗА ПОМАГАТЕЛНA ДЕЈНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ, ПОМАГАТЕЛНИ ПРОФЕСИИ, КВАНТИТЕТ НА ОБУКИ, КВАЛИТЕТ НА ОБУКИАпстракт
Отсуството на податоци во однос на социјалните вештини кои треба да ги поседуваат припадниците на помагателните професии (психолози, социјални работници, педагози, дефектолози) претставува проблем. Студентите, идни припадници на помагателните професии, за да бидат успешни во својата работа и односите со клиентите, неопходно е адекватно да комуницираат со луѓето, заедницата и општествените установи.
Од резултатите кои ce добиени со фокусните групи и со примена на три прашалници, со сигурност може да ce утврди дека квантитетот и квалитетот на обуките играат значајна улога во развивањето на релевантни особини и способности кај студентите за адекватно работење во рамките на помагателната професија.
Резултатите добиени со ова истражување не можат да ce генерализираат на сите помагателни професии поради ограниченоста на примерокот меѓутоа ce исклучително значајни во согледување на актуелната состојба во поглед на испитуваните карактеристики и во градење на стратегија за нивно унапредување кај идните припадници на помагателните професии. Истовремено, тие претставуваат и значаен индикатор кој ja афирмира идејата за редизајнирање на студиските програми за овие професии во насока на создавање можности актуелните студенти да стекнат компетенции кои ќе им овозможат да бидат професионално успешни.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Софија Арнаудова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.