КЕЛТИ ВО МАКЕДОНИЈА - според археолошките податоци
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
КЕЛТИ, СКОРДИСКИ, ВОЕНИ ПОХОДИ, АРХЕОЛОШКИ ПОХОДИ, СКОПСКО, ДОЛИНА НА ВАРДАР, ОСТАВИАпстракт
На основа пишаните извори, бројни настани во текот на последните 3 века од првиот милениум пред Христа, ce поврзани со одредено келтско присуство во Македонија. Иακо тие настани значително влијаеле врз историскиот и културен развиток на Македонија, сепак во науката не им е посветено посериозно внимание, соодветно на нивното значење, улогата. Во оваа смисла, археологијата не нуди многу податоци за тие настани, но со најново откриените наоди на неколку локалитети од долината на Вардар, посебно во Валандовско - Гевгелискиот регион (Вардарски Рид - Гевгелија и Глос - Грчиште), стануваат сосема извесни одредени заклучоци. Така, веќе можат да ce заокружат барем основните сознанија за карактерот и значењето на келтското присуство во Македонија, како за пораните Келти од походот на Делфи, така и за подоцнежните походи на Скордиските.
Досега откриените археолошки наоди зборуваат за Големата криза и депопулација долж главните комуникации, посебно по Вардарската долина во време на келтската инвазија кон југ, околу 279 година пред Христа, и посебно после тоа. Tue продори имале неспорно пљачкашки карактер, биле рушителски, дури фатални за натамошниот развиток на локалната култура во Македонија, посебно по долината на Вардар.
Откриените археолошки ситуации на различни повардарски локалитети од првата половина на третиот век пред Христа убаво ги документираат тие настани, нивниот карактер и последиците од нив.
По многу елементи ce слични и подоцнежните келтски продори во Македонија, поточно Скордиските походи и нивните воени судири, главно со рано римската управа во Македонија. Неспорно е нивното присуство во текот на II u I век пред Христа на овие простори и тоа низ бројни и сосема извесни историски настани, меѓу кои повеќето ce педантно забележани од античките автори. Tue, пред cè воени судири во Македонија траеле подолго и со тоа оставиле и повеке археолошки остатоци. Поради тоа, тие настани веќе мораме да го третираме како посебна и мошне значајна страница ео културно-историскиот развиток на Македонија.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Драги Митревски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.