ГОЛЕМИТЕ СИЛИ И СОЗДАВАЊЕТО НА БАЛКАНСКИТЕ ДРЖАВИ BO XIX ВЕК
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Апстракт
Улогата на Големите европски сили во создавањето на современите балкански држави е Голема. Сепак, постоела една голема причина за нивното вмешување во регионот. Без никаков сомнеж тоа биле востанијата на балканските народи против османлиската власт. Иако големите сили не сакале дa ja ослабнат Османлиската држава со одвојување на делови од нејзината територија и претворање на истите во независни или автономни држави состојбите на теренот едноставно го наложувале тоа. Неспособноста на османлиските сили брзо и ефикасно да ce справат со бунтовниците била една од причините за вмешување на Големите сили во судирите. Иако Србите први ќе кренат востанија против османлиската власт, заради интересите на европските сили, Грците први ќе добијат независна држава во 1831. Србија ќе мора да чека на тој статус до 1878 година. Кога пак е во прашање создавањето на бугарската држава, мора да ce нагласи дека бугарската вооружена борба во никој случај не може да ce спореди со онаа на Србите и Грците. Меѓутоа, интересот на Русија овозможил, и покрај целосно неуспешното Априлско востание од 1876 г, да ce созаде автономна бугарска држава.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Далибор Јовановски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.