РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ИДЕЈА И ДЕЈНОСТ НА ДАМЕ ГРУЕВ ДО ФОРМИРАЊЕТО HA МРО (1890-1893)
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ДАМЕ ГРУЕВ, МАКЕДОНИЈА, ОСЛОБОДУВАЊЕ, РЕВОЛУЦИОНЕРНА ИДЕЈААпстракт
Даме Груев припаѓа на младата генерација македонски интелектуалци која сватила дека ослободувањето на Македонија е задача на самите Македонци, a за тоа била потребна Револуционерна организација. Оваа идеја кај Д. Груев ce зародила релативно рано (1890, I.) за време на неговото студирање во Софија. За таа цел било формирано Македонско студентско друштво (МСД). Меѓутоа, дејноста на МСД била прекината во март 1891 поради апсењето на Д. Груев во врска со атентатот на бугарскиот министер за финансии Христо Белчев. Веднаш по ослободувањето Д. Груев ce вратил вο Македонија и почнал да работи како учител прво во Смилево, a потоа во Прилеп. Во меѓувреме во Битола ce обидел да формира Учителски сојуз врз револуционерни начела. Д Груев со револуционерната идеја бил целосно опседнат за време на учителствувањето во Прилеп. Меѓутоа, конзервативната прилепска средина cè уште не била подготвена за прифаќање на радикални идеји, затоа, Груев го напуштил Прилеп. Неколку месеци подоцна, Д. Груев заминал во Солун, каде на 2.3 X/4. XI1893 година ги поставил основите на Македонската револуционерна организација.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Ванчо Ѓорѓиев

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.