ДОЛГОГРАЕН ПОСТТРАУМАТСКИ СТРЕС И КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ КАЈ ВНАТРЕШНО РАСЕЛЕНИ ЛИЦА ВО МАКЕДОНИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ТРАУМА, ПОСТТРАУМАТСКИ СТРЕС, ПТСР, ВОЕН КОИФЛИКТ, КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ, ВНАТРЕШНО РАСЕЛЕНИ ЛИЦААпстракт
Испитувани ce долготрајните психолошки последици и квалитетот на животот кај 54 внатрешно раселени лица четири години по нивното раселување поради воениот конфликт во 2001 година. Истражувањето откри дека над половина од нив доживеале три или повеќе трауматски настани во текот на животот, a за време на конфликтот доживеале повеќе трауматски настани во однос на периодите пред конфликтот и по него. Кај нив е утврдена висока стапка на сиптоми на посттрауматско стресно растројство. Имено, една третина од внатрешно раселените лица ги задоволуваат критериумите за дијагностшцирање сегашно посттрауматско стресно растројство, a секое шесто лице за дијагностицирање минато посттрауматско стресно растројство. Од три групи посптрауматски стресни реакции, кај нив ce доминантни реакции на преплавеност. Жените за разлика од мажите поинтензивно страдаат од симптоми на посттрауматскo стресно растројство, и тоа особено од типот на преплавеност. Покрај тоа, внатрешно раселените лица, главно, ce незадоволни од квалитетот на својот живот. Tue најмалку ce задоволни од својата финансиска состојба, од сместувањето и од работниот статус, додека најмногу ce задоволни од односите со семејството. Оние лица што ce помалку задоволни од квалитетот на животот имаат и поистакнати посттрауматски реакции.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Михајло Поповски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.