СЕНЗИТИВНОСТ НА ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ДРАЗБИ: ТЕОРЕТСКА РАМКА И ЕМПИРИСКИ ДОКАЗИ

Автори

  • Маја Корубин Ќорлука Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

сензитивност на процесирање на дразби, високосензитивна личност, темперамент, фактори на личност, срединско влијание

Апстракт

Во трудот се разгледува сензитивностa на процесирање на дразби (СПД),
како наследна црта на темпераментот, која се карактеризира со длабока когнитивна обработка, висока емоционална реактивност, чувствителност на суптилни дразби и тенденција кон прекумерна стимулација. Сензитивноста претставува посебна фенотипска црта, различна од невротицизмот и интроверзијата. Трудот ги анализира релациите на СПД со цртите на личноста (преку моделите на Eysenck и големите пет фактори на личноста), нејзината факторска структура и психометриските својства на инструментот кој ја мери, како и поврзаноста со позитивните и негативните психолошки исходи. Нагласена е улогата на средината – како заштитен и ризик фактор–меѓу СПСД и овие исходи. Истражувањата укажуваат дека високо сензитивните индивидуи, и покрај тоа што се поранливи на стрес и негативни влијанија, манифестираат значајни когнитивни, емоционални и социјални капацитетиво средина која е поддржувачка. Идните насоки упатуваат на потреба од проширување на истражувањата со вклучување на различни културолошкии контекстуални
фактори, како и на развој на соодветни интервенции за унапредување на добросостојба кај оваа популација.

Преземања

Објавено

2025-12-16

Како да се цитира

СЕНЗИТИВНОСТ НА ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ДРАЗБИ: ТЕОРЕТСКА РАМКА И ЕМПИРИСКИ ДОКАЗИ. (2025). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 78(1), 253-265. https://doi.org/10.37510/