ТЕРМАЛНИТЕ КОМПЛЕКСИ ВО РИМСКИТЕ СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
БАЊИ, ТЕРМИ, КУЌИ, ВИЛИ, РИМСКИАпстракт
Текстот укажува на важната улога што ja имале бањите во римскиот свет. Покрај јавните бањи особено биле значајни и бањите што претставувале составен дел од римските градски куќи и вили, a посебно бањите во составот на приградските и рустичните вили. Освен нивната улога во одржување на хигиената, бањите претставувале и место за релаксација, дружење и истакнување на општествената моќ на благородништвото. Оформени по углед на грчките палајстри, тиe ce претвориле во обележје на римската архитектура и римскиот начин на живеење. Новите консгруктивни елементи, куполите и хипокаусниот систем за загревање ce неразделно врзани за римската архитектура и култура. Во римските градови во Р. Македонија, како на пример во Стоби, Скупи, Хераклеја, освен јавните бањи ce сретнуваат и куќи што во својот состав ги вклучувале и бањите. Бањите ce составен дел и од повеќето приградски и рустични вили распространети низ територијата ла Р. Македонија.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Дафина Герасимовска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.