КОНЦЕПЦИИ ЗА КРИТИЧКОТО МИСЛЕЊЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ, ТЕОРИСКИ КОНЦЕПЦИИ, ИНТЕЛЕКТУАЛНИ СПОСОБНОСТИ, ГЛАСЕР, ЕНИС, КВАШЧЕВ, МЕЈЕРС, ГАРИСОНАпстракт
Во трудот ce презентирани дефиниции и концепции за критичкото мислење како комплексен психологики процес. Анализата на неколку класични теории на интелектуални способности покажа дека интелигенцијата содржи димензија на критичко мислење, без оглед дали овој сложен поим експлицитно ce употребува или содржи еквиваленти барем за некои аспекти. За да ce добие посеопфатен увид во научните размислувања
за критичкото мислење, прикажани ce и пет репрезентативни концепции. Нивната компаративна анализа укажа на сличности и разлики, како во однос на природата и генезата на самиот конструкт, така и во однос на образовните импликации. На Гласер, Енис и Кеашчее им е заедничко определувањето на критичкото мислење
како општа способност за изведување логички операции, како своевидна вештина на мислење која е независна од специфичните содржини или задачи. Наспроти нив, Мејерс укажува дека критичкото мислење секогаш е поврзано со специфични содржини, na тој активен процес на конструкција на знаењата дури и го детерминира неговиот разеој. Гарисон зазема еден умерен став ео однос на претходно опишаните екстремно различни позиции. Тој настојува да ги приближи општото и посебното, вештината и знаењето, формата и содржината, нагласувајќи дека критичкото мислење е општа вештина која ce реализира со помош на конкретно знаење. Со други зборови, образованието бара критичко мислење, a критичкото мислење бара образование.
Наспроти разликите, споменатите aвmopu ce согласуваат дека критичкото мислење е значајно и за индивидуалниот и за општествениот развој и дека тоа може и треба да ce стимулира низ образовниот процес.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2010 Елена Ачковска Лешковска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.