ДЕЦА CO ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ СМЕСТЕНИ ВО ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Наташа Станојковска-Трајковска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
  • Ристо Петров Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ, ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА, ВОНИНСТИТУЦИОНАЛНА ЗАШТИТА, ДЕИНСТИТУЦИОНАЛИЗАЦИЈА

Апстракт

Република Македонија во Законот за социјална заштита предвидува помош на деца без родители и родителска грижа, без разлика дали станува збор за деца од широката популација или пак за деца со посебии образовни потреби, преку една од формите за вонинституционална заштита, сместување во згрижувачко семејство. Сместувањето на децата во згрижувачко семејство им обезбедува живот и развој во семејна средина, опкружени со љубов, среќа и разбирање. Оваа форма на заштита веќе со децении е развиена во Република Македонија но со започнувањето на процесот на деинституционализација стана особено актуелна кај оваа категорија деца. 107 деца со посебни образовни потреби во Република Македонија ce сместени во 70 семејства во шесте градови кои
традиционално згрижуваат деца со посебни образовни потреби.

Преземања

Објавено

2011-12-16

Како да се цитира

ДЕЦА CO ПОСЕБНИ ОБРАЗОВНИ ПОТРЕБИ СМЕСТЕНИ ВО ЗГРИЖУВАЧКИ СЕМЕЈСТВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (2011). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 64(1), 441-452. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)