ГЕОПОЛИТИЧКИ ВИЗИИ НА РУСИЈА И САД ЗА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА

Автори

Клучни зборови:

ГЕОПОЛИТИЧКА ПОЛОЖБА, ФОРМАЛНА ГЕОПОЛИТИКА, ПРАКТИЧНА ГЕОПОЛИТИКА, СТРАТЕГИЈА, РУСИЈА, КИНА, САД

Апстракт

Во тpyдoт ce анализираат геополитичките визии на Русија и САД кон Народна република Кина. Анализата е направена следејќи го историскиот контекст на политичките односи помеѓу Kuнa и Русија u Кина и САД. Состојбите кои ce воочливи укажуваат дека и Русија и САД, преку преземените ангажмани и изградените позиции на Азискиот континент, ce залагаат за зближување со Кина. Ваквиот практичен геополитички пристап и кај Русијa и кај САД не cooдвeтcтвyвa со формалниот геополитички пристап во анализата на нивните односи.
Трудот дава слика за геополитичката визија на односите помеѓу Русија u Кина, од аспект на практичната и формалната геополитика, елаборирана преку теоријата за „Падот на Кина“ од Александар Дугин. Истиот пристап е применет и за геополитичките визии на САД кон Кина, наслоеен како „ Стратегија за задржување “ преку геополитичките анализи на Збигњев Бжежински и практичните геополитички акции на актуелната американска администрација.

Преземања

Објавено

2012-12-14

Како да се цитира

ГЕОПОЛИТИЧКИ ВИЗИИ НА РУСИЈА И САД ЗА НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА. (2012). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 65(1), 166-180. https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/3168

Најчитани трудови од истиот автор(и)