Високото образование и платите

Автори

  • Јован Пејковски Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871407p

Клучни зборови:

ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ, ПЛАТИ, РЕГУЛАТИВА, ПЕРЦЕПЦИЈА, МОЖНОСТИ

Апстракт

Образованието е од витално значење за динамичен раст и развој. Високото
образование е значајно за секоја држава. Тоа е уредено со системски прописи и подза-
конски решенија. Во трудот интересот е насочен кон платите на вработените во
државното високо образование, со оглед на нивното долгогодишно заостанување. Се
анализираат формите на плаќање на вработените и се споредува висината на пла-
тата со просеците во државата. Во трудот се предлагаат решенија кои се од значе-
ње за ова прашање, особено за оформување модел на плати кои ќе соодветствува на
значењето што го има образовниот сегмент од општеството. Статусот на нас-
тавниците како даватели на услуги е несоодветен и не е уреден од аспект на пла-
тите и надоместоците за вложениот труд. Без мотивирани наставници и профе-
сори кои го спроведуваат системот на високото образование не може да се очекува-
ат промени и резултати во однос на квалитетот на кадрите кои се продуцираат
на универзитетите. Во отсуство на култура на вреднување на знаењето, се офор-
муваат постулати кои на долг рок не можат да ги променат вредностите системи
во општеството.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Високото образование и платите. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 397-415. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871407p

Најчитани трудови од истиот автор(и)