Категоризација на односот помеѓу тероризмот и медиумите

Автори

  • Тања Милошевска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871343m

Клучни зборови:

МЕДИУМИ, ТЕРОРИЗАМ, ИЗВЕСТУВАЊЕ, КОМУНИКАЦИЈА

Апстракт

Овој труд ја објаснува деликатната врска меѓу медиумите и тероризмот
со цел да се постигне подобро разбирање на односот помеѓу овие два ентитета. Во
овој труд ќе се проучи како публицитетот им користи на терористите и како ме-
диумите имаат корист од актите на терористите. Исто така, трудот ќе се оби-
де да одговори на следниве прашања: како можеме да го преиспитаме сензационалис-
тичкото покривање на тероризмот за да се оневозможи пристапот на терористи-
те до слободна медиумска платформа?; какви односи постојат меѓу терористички-
те групи и медиумите?; до колкав степен медиумот може да се смета за одговорен
за обезбедување на терористите „кислород од публицитет“?; дали е можно медиу-
мите објективно да известуваат за терористите без да ги промовираат нивните
акции и без да поттикнат страв? Целта на овој труд ќе биде фокусирање на одно-
сот помеѓу медиумското покривање и терористичките напади, покренувајќи го пра-
шањето дали зголемената медиумска покриеност има ефект врз зголемени теро-
ристички напади.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Категоризација на односот помеѓу тероризмот и медиумите. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 331-352. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871343m

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>