VITA PRACTICA: ΦΡΟΝΗΣΙΣ И СВ. МАКСИМ ИСПОВЕДНИК

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo1972041p

Клучни зборови:

СВ. МАКСИМ ИСПОВЕДНИК, ФРОNHΣIΣ, VITA PRACTICA, VITA CONTEMPLATIVA

Апстракт

Како продолжение на Аристотеловото дефинирање на φρόνησις како
доблест со која индивидуата се оспособува во секој поединечен случај да го нај-
де оптималниот избор за дејствување кое во заднината ја има генералната
слика за евдајмоничен живот, во специфичен средновековен контекст, φρόνη-
σις се концептуализира и во филозофијата на св. Максим Исповедник. Според
св. Максим Исповедник, φρόνησις претставува разбирање на практичните
нешта кое е поврзано со активниот живот, имено, „моќ за одлучување која ја
одредува соодветната употреба на разумот во праксата“ (Amb Io. 1109B).
Во овој текст ќе биде разгледан концептот φρόνησις во делата на св.
Максим Исповедник низ неколку аспекти: созданието како израз на Боже-
ствената φρόνησις, φρόνησις во рамките на системите на доблестите и
нејзината функција, φρόνησις како основа за vita practica и односот на vita
practica и vita contemplativа. Низ овие тематски точки ќе бидат изведени ка-
рактеристиките на φρόνησις кај св. Максим Исповедник кои ги рефлекти-
раат неговите тежнеења за помирување на микрокосмичките антиномии со
макрокосмичката парадигма на вечниот Логос.

Објавено

2019-12-16

Како да се цитира

VITA PRACTICA: ΦΡΟΝΗΣΙΣ И СВ. МАКСИМ ИСПОВЕДНИК. (2019). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 72(1), 29-51. https://doi.org/10.37510/godzbo1972041p

Најчитани трудови од истиот автор(и)