ФЕМИНИЗМОТ КАКО ИДЕОЛОГИЈА НИЗ ПРАКСАТА НА ЖЕНСКОТО ДВИЖЕЊЕ: МАКЕДОНСКИ КОНТЕКСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/godzbo2477623vКлучни зборови:
феминизам, идеологија, женско движење, родова рамноправност, законодавствоАпстракт
Овој труд првенствено се фокусира на феминизмот и на женското дви-
жење и како тие се профилираат во македонското општество. Феминистич-
ката идеологија рефлектира разни форми на активизам, чија заедничка цел е да
се надмине потчинетиот статус на жените во општеството и да се постиг-
не рамноправност помеѓу мажите и жените. Оттука, во овој труд се иследу-
ваат следните прашања, дали феминистичкиот активизам во македонското
општество придонесува за унапредувањето на правата на жените, и дали секое
женско движење може да биде ситуирано во рамките на феминистичката те-
орија? Следствено на тоа, преку анализа на конкретни активности, акции и
движења во јавниот дискурс, ќе се истражи какви се релациите на женското
движење со феминизмот, со акцент врз нивната идентификација со феминис-
тичкото движење. Истовремено во овој труд ќе бидат опфатени прашања за
родот како централна аналитичка категорија во феминистичкиот дискурс,
но и дискрепанцијата меѓу рамноправноста како универзална вредност, од една
страна, и вкоренетите обрасци на доминација во однос на родот и сексуалната
ориентација, од друга страна.