ВЛИЈАНИЕ НА ПОЛОТ И ЕКСТРАВЕРТНОСТА НА СТУДЕНТИТЕ-СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ПРЕПОЗНАВАЊЕТО НА ЕМОЦИИТЕ

Автори

  • Софија Арнаудова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ПОЛ, EKCTPABEPTHOCT, ИHTPOBEPTHOCT, ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ЕМОЦИИ

Апстракт

Истражувањето во овој труд е спроведено со цел да ce утврди дали постои поврзаност помеѓу полот, цртата на личност екстравертност-интровертност и препознавањето на емоциите кај студентите. За таа цел е користен пригоден примерок oд 96 студенти од Институтот за социјална работа и социјална политика, од кои 72 ce од женски пол, a 24 ce од машки пол. Цртата на личност екстравертност- инровертност е мерена со помош на подскала за мерење на димензијата екстравертност-интравертност од прашалникот EPQ (Ајзенк), додека пак, препознавањето на емоции е мерено со прашалник конструиран за таа цел од истражувачот. Од добиените резултати може да ce изведат следниве заклучоци:
• Студентите од женски пол полесно ги препознаваат емоциите за разлика од студентите од машки пол
• He постои статистички значајна разлика во препо- знавањетш на емоциите помегу екстравертните и интровертните студенти.
• Студентите од женски пол кои ce екстравертни полесно ш препознаваат емоциите за разлика од студентите од машки пол кои ce екстравертни.
• He постои статистички значајна разлика во препознавањето на емоциите помеѓу студентите од женски пол кои ce интровертни и студентите од машки пол кои ce интровертни.
• He постои статистички значајна разлика во препознавањето на емоциите помеѓу студентите од машки пол кои ce екстравертни и студентите од машки пол кои ce интровертни.
• Студентите од женски пол кои ce екстравертни полесно ги препознаваат емоциите за разлика од студентите од женски пол кои ce интровертни.

Референци

Преземања

Објавено

2007-12-16

Како да се цитира

ВЛИЈАНИЕ НА ПОЛОТ И ЕКСТРАВЕРТНОСТА НА СТУДЕНТИТЕ-СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ ВО ПРЕПОЗНАВАЊЕТО НА ЕМОЦИИТЕ. (2007). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 60(1), 635-649. https://doi.org/10.37510/

Слични трудови

1-10 од 45

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)