УЛОГАТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ВО РЕШАВАЊЕТО НА КОНФЛИКТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Автори

  • Марина Митревска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

КОНФЛИКТ, НАТО, ЕУ, OБCE

Апстракт

За време на конфликтот во Република Македонија стануваше ce поевидентно дека спиралата на конфликтот бега од контрола на македонските безбедносни сили. Со други зборови, ширината и интензитетот на конфликтот најавуваше дека конфликтот може лесно дa ja доведе Република Македонија до работ на граѓанска војна со големи консеквенци кон државата и дестибилизација пошироко во регионот. Во тие услови, многу бргу требаше да ce најде солуција помеѓу, конфликтот, граѓанска војна u aвтодеструкција, од една, или компромисен, мир, од друга страна. Токму затоа, македонската влада побара меѓународна помош и, исто така, инсистираа таканаречената трета страна и дa ja има трансформативната улога во овој конфликт. Или пак, поинаку речено, третата страна, односно, меѓународната заедница имаше активна страна вο конфликтот и, оттаму, ja менуваше неговата првобитна матрица и динамика.
Начинот на кој Европската унија реагираше на конфликтот во Република Македонија беше тест за развивањето на новата институционална рамка на Заедничката надворешна и безбедносна политика и за политичкиот кредибилитет на Европската унија на меѓународната сцена.
Додека пак, улогата на OECE вο конфликтот во Република Македонија е проследена преку активностите презмени од страна на Организацијата вο насока на управување на конфликтот и негово завршување. Имено, ΗАΤΟ заедно со ЕУ и OECE u македонската страна даде свој придонес кон преземање серија значајни комплементарни реформи и мерки на доверба со основна цел да ce подржат широките политички договори и да ce воспостави мир.

Референци

Преземања

Објавено

2007-12-16

Како да се цитира

УЛОГАТА НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА ВО РЕШАВАЊЕТО НА КОНФЛИКТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (2007). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 60(1), 523-540. https://doi.org/10.37510/

Слични трудови

1-10 од 61

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)