СОЦИО-КУЛТУРНО НОРМИРАЊЕ НА СЕКСУАЛНОСТА

Автори

  • Стефан Васев Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

сексуалност, култура, природа, пол, род

Апстракт

Со самото наше раѓање нам ни се „припишуваат“ различни идентитети кои се независни од нашите желби, а кои подоцна низ процесот на социјализација ги дообликуваме или се обидуваме „целосно“ да ги отфрлиме. Акцентот во овој труд е ставен врз човековата сексуалност, културата и општеството, односно како културно-општествениот контекст влијае врз оформување на човековата сексуалност. Оттука моите обиди се темелат на идејата дека културата има огромно влијание врз моделирањето на човековата сексуалност. Всушност, целта е да се оспорат неоснованите тврдења кои биле доминантни низ човековата историја дека сексуалната желба (сексуалноста, воопшто) кај човекот се третира како еден вид дадена или генетски предодредена (или дека здраво предодредена желба е само хетеросексуалната желба), а општествените и културните фактори кои го обликуваат сексуалното однесување во различни околности во голема мера се игнорирале. Човечкото сексуално однесување има значење, луѓето ја користат и ја изразуваат својата сексуалност на повеќе начини. За луѓето сексуалната активност е многу повеќе од биологијата. Во согласност со тоа, културата ќе ја сметаме за основна детерминанта во процесот на оформувањето на човековата сексуалност. Во овој контекст се наметнува потребата за поегзактно истражување на улогата на културата во обликувањето на човековата сексуалност и родовата самоидентификација во времето и просторот.

Преземања

Објавено

2025-12-16

Како да се цитира

СОЦИО-КУЛТУРНО НОРМИРАЊЕ НА СЕКСУАЛНОСТА. (2025). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 78(1), 573-589. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)