НАТО И ЕНЕРГЕТСКАТА БЕЗБЕДНОСНА ДИЛЕМА
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
НАТО, ЕНЕРГИЈА, ЕНЕРГЕТСКА БЕЗБЕДНОСТ, БЕЗБЕДНОСТ, РЕСУРСИАпстракт
Основната интенција на презентираниот труд претставува обид за приближување и појаснување на дебатата за енергетската безбедност во рамките на „еволуирачкиот“ НАТО. Состојбите во полето на енергетското снабдување не претставуваат само економска тематика, односно, cè повеќе ги окупираат работните агенди и на другите институции на меѓународната сцена. Поконкретно, трудот ce осврнува на обидот за политизација и секуритизација на енергетското снабдување, вклученоста и улогата на НАТО на полего на енергетската безбедност како и сложеноста во дефинирањето на таквата улога на Алијансата. Трудот ги разгледува аргументите кои одат во прилог на потребата за посериозното инволвирање на НАТО, и ги елаборира почетоците на таквите размислувања во стратегиските документи на Алијансата. Исто така, ce анализирани и елементите кои би можеле да претставуваат „кочница“во јасното дефинирање на местото и улогата на НАТО во енергетската безбедност. Енергетската безбедносна дилема претставува сериозен показател за можните насоки на еволуирањето на Алијансата и нејзиниот иден ангажман во современите меѓународни односи.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Тони Милески

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.