ПОЗИТИВНА ПСИХОЛОГИЈА: АКТУЕЛНА СОСТОЈБА, КРИТИКА И ПРЕДИЗВИЦИ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ПОЗИТИВНА ПСИХОЛОГИЈА, АКТУЕЛНА СОСТОЈБА, КРИТИКА, ПРЕДИЗВИКАпстракт
Овој труд дава преглед на главните обележја на позитивната психологија, како ина критичките забелешки и на предизвиците со кои таа ќе се соочи во иднина. Позитивната психологија е движење кое започнало во 1998 година на иницијатива на тогашниот претседател на Американското здружение на психолози, Мартин Селигман. Таа израснала од забележаниот дисбаланс во психологијата, обидувајќи се да го промени нејзиниот емпириски фокус од менталните болести и негативните ефекти по психолошкото здравје што ги создаваат стресорите, кон условите и процесите кои придонесуваат за оптимално функционирање на поединците, групите и институциите. Новата наука за човечките силни страни е насочена кон три нивоа: субјективно искуство (добросостојба, задоволство, оптимизам, среќа, надеж), позитивни црти на личноста (способност да ce сака, стручност; храброст, интерперсонални вештини, чувство за естетика, мудрост, истрајност), и позитивни институции кои им овозможуваат на луѓето да бидат подобри граѓани (развивајќи одговорност, алтруизам, то- леранција, работна етика). Главни задачи на позитивната психологија ce: да осознае што е она што го прави животот на човекот вреден за живеење, да работи на создавање предуслови за просперитет на индивидуите и на заедниците, да ги превенира психичките растројства и неволји, и да ги примени своите принципи во областа на личниот растеж, работното место, образованието и терапијата.
Во трудот ce разработени главните идеи на позитивната психологија, како и критичките забелешки, дадени главно од Лазарус, на нејзините теоретски поставки и методите што ги користат нејзините приврзаници. Понатаму; дискутирани ce предизвиците со кои позитивната психологија ќе ce соочи во иднина: дефинирањето на позитивното, мерењето на добросостсјбата, развојот и наследувањето на позитивните искуства и црти на личноста, уживање наспроти задоволство, колективна добросостојба, автентичноста наспроти изведеноста на позитивните особини, позитивната психологија како наука која опишува или препишува, и реалност наспроти оптимизам.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Елена Ачковска Лешковска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.