УЧИЛИШТЕТО KAKO ЗНАЧАЕН ФАКТОР ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА И СУЗБИВАЊЕТО НА ЗАВИСНОСТА ОД ДРОГА КАЈ МЛАДИТЕ

Автори

  • Татјана Стојаноска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

УЧИЛИШТЕ, СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА, УЧЕНИК, МЛАДИНА, ЗАВИСНОСТ ОД ДРОГА

Апстракт

Социјализацијата, како процесна пренесување норми и вредности и подготовка на младата личност за животот во олштеството, претставува мошне значаен механизам за изградба и за формирање
на карактерот и на севкупната личност на единката. Најзначајни фактори за социјализација ce семејството и групата врсници, но секако не смее да ce изостави и посебната функција на училиштето.
Училиштето преставува втор дом на детето, институција каде што тоа ce образува и ce воспитува, a во ситуации кога семејството не посветува доволно внимание на социјализацијата, училиштето треба
да го надополни пропулштеното. Тоа подразбира ставање посебен акцент за воспитниот процес на училилштето од страна на наставниците, но и на стручните соработлици. Денес, во време на кризи,
слабеење на моралните норми и вредности, слабеење на семејната кохезија, зголемен процент на социопатололшки појави, a посебно зависноста од дрога, неминовна е улогата на училиштето како фактор
во борбата против девијантните појави. Посебно е потенцирано значењето на училилштето во сузбивање на зависноста од дрога, бидејќи зависниците почнуваат да злоупотребуваат дрога на свои 13-14 години, периодот на адолесценција и времето кога детето голем дел од своето време го поминува на училиште и со своите врсници, кои најчесто ce негови соученици и оттаму произлегува значајноста на училиштето во борбата против зависноста од дрога.

Преземања

Објавено

2009-12-16

Како да се цитира

УЧИЛИШТЕТО KAKO ЗНАЧАЕН ФАКТОР ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА И СУЗБИВАЊЕТО НА ЗАВИСНОСТА ОД ДРОГА КАЈ МЛАДИТЕ. (2009). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 62(1), 106-118. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)