МОРАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО ЈУДАИЗМОТ

Автори

  • Татјана Стојаноска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ЈУДАИЗАМ, РЕЛИГИЈА, МОРАЛ, ВРЕДНОСТИ, СТАР ЗАВЕТ

Апстракт

Јудаизмот, како една од најстарите светски религии е неисцрпен извор на норми, кои во најголема мера ce вреднуваат во рангот на морални закони. Во време на еродирани морални вредности, во време на первертиран вредносен кодекс, во време на маргинализација на вистинските вредносни системи кои правилно и вредносно го одредуваат човековото однесување и дејание, вредностите кои ce прокламираат преку одредена религија ce добар начин за вредносно не застранување и не лутање на верниците. Големите светски монотеистички религии како што ce: јудаизмот, христијанството и исламот во суштина ce и големи етички системи. Јудаизмот е најстара монотеистичка религија и моралните вредности кои ce вткаени во неа, содржани, пред cè, во Светата книга Библија-Стар Завет, ce пресликани и ce среќаваат и во Светите книги на христијанството и исламот. Десетте Божји заповеди ce сметаат за врвни морални закони. Затоа посебната елаборација на моралните норми и вредности во јудаистичката религија несомнено ќе дадат свој придонес во општественоприфатениот вредносен систем.

Преземања

Објавено

2010-12-16

Како да се цитира

МОРАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО ЈУДАИЗМОТ. (2010). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 63(1), 151-164. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)