ПРОФ. РУЖА ПАНОСКА И СОВРЕМЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/Клучни зборови:
проф. Ружа Паноска, македонски јазик, учебник, современАпстракт
Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на 28.3.2024 г., организираше Свечен час посветен на проф. д-р Ружа Паноска – по повод 10 години од нејзината смрт. Во овој прилог се прави осврт на учебникот „Современ македонски јазик“ од проф. Ружа Паноска и се разгледуваат научниот, методолошкиот и дидактичкиот пристап кон граматичките теми застапени во овој учебник. Посебно се разгледуваат петте поглавја: 1. Основни поими во јазикот, 2. Лексика и фразеологија, 3. Лексикографија. 4. Фонетика и фонологија, 5. Морфологија. Учебникот Современ македонски јазик од проф. Ружа Паноска претставува сублимиран, едноставен теоретски пристап кон различни лингвистички проблеми во македонскиот јазик со голем број примери и вежби за усвојување на теоретските поставки (практикум). Според методолошкиот и дидактичкиот пристап, овој учебник е неодминлив, актуелен и е мошне функционален како учебник за студентите што го изучуваат македонскиот јазик, како наставно помагало на наставниците по македонски јазик во основно и средно образование и за изучувачи на македонскиот јазик како странски.
