СЕМАНАЛИЗА: ДИСКУРСОТ НА ДРУГИОТ КАКО ГЕНОТЕКСТ ВО РАСКАЗОТ „СКОК СО СТАП“

Автори

  • Соња Витанова-Стрезова Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37834/

Клучни зборови:

семанализа, генотекст, значимост, фенотекст, дискурсот на Другиот

Апстракт

Овој труд се занимава со завршниот, трет дел од расказот „Скок со стап“. Наративниот глас припаѓа на мирото. Библиотекарот Христо Каруца се обидува да ја прескокне повеќекатницата што му го блокира погледот на убавиот планински врв од малиот библиотекарски кабинет. Името Христо асоцира на Христос. Христо е полилошки субјект со флуентен повеќезначен идентитет. Тој создава модерна хагиографија со неговиот скок преку повеќекатницата, како и со неговата смрт на асфалтот и преобразувањето во миро. Модерната хагиографија на Христо Каруца ги подрива конвенциите, негирајќи ги крајните значења и постојано произведувајќи нови, кои преку генотекстот стануваат значимост.

Референци

Витанова-Стрезова, С. 2013. Дикурсот на Другиот: Иан Мекјуан, Драги Михајловски, Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“, 248-266.

Вујаклија, М. 1980. Лексикон страних речи и израза, Београд, Просвета, 240, 1044.

Дервенџи, В. 2002. Народни имиња на лековити растенија во Билтен на Одборот за изработување на македонска терминологија, Скопје, МАНУ, бр. 67.

Михајловски, Д. 1994. Преведување на вистината: разговор со добитникот на „Рациновото признание“ Драги Михајловски. Скопје, НИП „Нова Македонија''

Објавено

2025-12-05

Издание

Секција

Јазик и книжевност