НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД АКТИВНОСТИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ШПАНСКИОТ ЈАЗИК И КУЛТУРА
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/Клучни зборови:
промотивни активности, шпански, Филолошки факултетАпстракт
Во овој текст би сакале да претставиме три активности што се реализираа со цел да се промовираат студиите по шпански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во различни контексти, иако оваа првична цел послужи повеќе како изговор, бидејќи активностите добија поширока димензија, фунцкионирајќи како активности за психосоцијална поддршка, како активности за воведување во професионалниот свет или како активности за соработка на далечина. Се спроведоа во периодот помеѓу 2021 и 2024 година и во нив учествуваа вкупно десет студенти од Групата за шпански јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Активностите не беа поврзани со конкретен предмет, но во нив се применија теоретски и практични знаења од неколку дисциплини: дидактика, превод, анализа на дискурс и културолошки студии.
Референци
Ончевска Агер, Е., Китановска-Кимовска, С. и Тасевска Хаџи-Бошкова, И.
(ур.). 2024. Нови, безбедни простори: Прирачник за наставници од Проектот за психосоцијална поддршка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Скопје: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Павловска, И. 2015. „Јазикот низ театарска игра и театарот низ јазична игра
(од 10-годишното искуство на театарската работилни на француски јазик
Les Artcooliques“ во Бабамова И. (ур.). Македонско-романистички јазични, книжевни и преведувачи релации (2000-2015), стр. 111-129. Скопје: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
