Осврт на книгата: „Политичка социологија 2“, од Ило Трајковски

Автори

  • Кире Шарламанов Sociological Society in Macedonia

Клучни зборови:

приказ на книга, Политичка социологија 2, Ило Трајковски

Апстракт

Како што кажува насловот, книгата „Политичка социологија 2“ е
продолжение на претходната книга на проф. д-р Ило Трајковски, „Политичка
социологија 1“ и опфаќа теми, содржини и приод кои се логично продолжение
на истата. Книгата „Политичка социологија 2“ темелно и исцрпно ги елаборира
најзначајните теми во областа на политичката социологија. Книгата е преглед
на умешно селектирани теми, логично подредени на начин што оформуваат
складна целина. Темите во книгата се надоврзуваат и се дополнуваат една со
друга, овозможувајќи му, дури и на релативно неупатен читател при минувањето
на една, да стекнува сознанија и да се подготвува за читањето на останатите
глави. Може да се каже дека иако поделен во десет поглавја, материјалот во
самата книга е добро ускладен на повеќе нивоа: на ниво на содржина: прецизно
утврдена и добро разграничена содржина на секое од поглавјата, на ниво на
пристап унифициран и систематизиран пристап со лесно читлива нарација во
секое од поглавјата, на когнитивно ниво - степенување на сознанијата изнесени
во книгата, така што сознанијата кои може да се добијат во едно, го олеснуваат
читањето на останатите поврзани поглавја.

Референци

Објавено

2019-06-30