ВЛИЈАНИЕТО НА РЕЛИГИОЗНОСТА ВРЗ ИНТЕГРАТИВНИТЕ/ ДЕЗИНТЕГРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ВЕРСКАТА ТОЛЕРАНЦИЈА КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО ВО ОХРИДСКО-СТРУШКИОТ РЕГИОН
Клучни зборови:
религија, религиозност, интеграција, дезинтеграција, вредносни ориентации, верска толеранцијаАпстракт
Се наоѓаме во период кој го карактеризираат големи општествени промени како на
економски, политички така и на социјален план, проследени со големи промени во
вредносните ориентации, односно вредносниот систем во целина. Луѓето тешко се
приспособуваат на тие промени кои се доста диманични и интензивни. Губејќи ја само-
довербата човекот во сопствените сили во решавањето на многу важни задачи со кои се
соочува, помош за решавање на тие задачи бара во религијата. Религијата како истори-
ска категорија го продолжува својот век на траење и во современото општество. Преку
своето учење религијата воспоставува еден меѓусебен однос со човекот, притоа нудејќи
решенија за многуте прашања со кои во секојдневното живеење се соочува човекот. Се-
како треба да се потенцираат и активностите на конфесионалните заедници кои преку
своите организациски облици сè повеќе настојуваат да го привлечат вниманието, при-
тоа пополнувајќи ги празнините кои не успеале да ги пополнат другите општествени
институции и организации.
Охридско-струшкиот Регион претставува етничко и религиозно хетерогена средина. Со
своите карактеристики на мултикултурна, односно мултиетничка и мултиконфесионал-
на средина претставува на некој начин минимизирана форма на македонското мулти-
културно, односно мултиетничко и мултиконфесионално општество. Охридско-струш-
киот Регион како средина, етничко и религиозно хетерогена, претставува посебно тло
на постојани интегративни, односно дезинтегративни влијанија, што секако религијата
и религиозноста во тие интегративни, односно дезинтегративни процеси зазема значај-
но место. Дезинтегративните процеси доста често се пропратени со одредени форми на
религиска нетрпеливост која се појавувала во одредени временски периоди.
Во ова истражување предмет на интерес беше влијанието на религиозноста врз ин-
тегративните односно дезинтегративните процеси и верската толеранција кај населе-
нието во Охридско-струшкиот Регион, регион кој како што истакнавме претставува ет-
ничко и религиозно хетерогена средина. Во неа делуваат двете најзначајни религиски
организации и тоа Македонската православна црква – Охридска архиепископија и
Исламската верска заедница. Целната група во истражувањето ја сочинуваа сите лица
над осумнаесет-годишна возраст. Резултатите добиени со истражувањето покажуваат
дека религиозноста влијае врз интегративните односно дезинтегративните процеси и
верската толеранција кај населението во Охридско-струшкиот Регион.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2019 Башким Башкими

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.