КОНЦЕПТУАЛИЗАЦИЈАТА НА ЖИВОТНИОТ СТИЛ ВО СОЦИОЛОШКАТА ТЕОРИЈА

Автори

  • Кире Шарламанов Macedonian Sociological Society
  • Јана Петреска Здружение на социолози на Македонија

Клучни зборови:

животен стил, стратификација, класа, статус, индивидуализација, политика на животни стилови

Апстракт

Во анализата на социјалната стратификација, релевантните современи
социолози многу поголемо внимание посветуваат на животниот стил, отколку на
традиционалните концепти на општествените класи и општествените слоеви. Тоа
е одраз на динамиката на современото општество кое развива многу покомплексни
стратификациски шеми кои се анализираат со нов категоријален апарат во кој влегува
и животниот стил. Овој текст има за цел да го претстави концептуализирањето
на животниот стил во теоријата на двајца класични автори во социологијата како
Веблен и Вебер и тројца современи социолози како Пјер Бурдие, Улрих Бек и Ентони
Гиденс. Преку анализа на концeптите на овие автори ќе ја согледаме еволуцијата,
карактеристиките и значењето на животниот стил во различни општествено-историски
контексти.

Референци

Објавено

2019-06-30