Реактуализацијата на словенското културно наследство како признак на развојот на македонската литература

Автори

  • Искра Тасевска Хаџи-Бошкова Blaže Koneski Faculty of Philology, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј“

ДОИ:

https://doi.org/10.37834/SS23232101thb

Клучни зборови:

средновековни творечки облици, македонски 19 век, слова (беседи), дамаскини, Прличеви беседи

Апстракт

Текстот се занимава со истражувањето на средновековното книжевно и културно наследство како суштествен елемент кој го одредува развојот на македонската литература кон современите облици. Во центарот на вниманието се поставени книжевните пројави од македонскиот 19 век, кои жанровски, но и стилски се надоврзуваат на одредени словенски творечки објави (пред сѐ, жанрот беседа/слово и подновувањето на неговите стилски обележја со својства кои се во релација со словенското книжевно наследство). Тука ќе се земе предвид и односот со културолошки блискиот манир на творење (главно, преку словенскиот превод на дамаскините) и изразните и творечки појави, карактеристични за македонската литература во 19 век, преиспитувајќи ја тезата за нивната непосредна врска. Истовремено, се истражуваат и промените на облиците низ годините, особено во словата на Прличев, со што реафирмирањето на средновековното наследство доживува функционално надградување кое не се сведува само на бележење на имињата и на делата од словенските првоучители. 

Преземања

Објавено

2024-07-16

Издание

Секција

Литература, култура, превод

Како да се цитира

“Реактуализацијата на словенското културно наследство како признак на развојот на македонската литература”. 2024. Славистички студии 23 (2): 101-14. https://doi.org/10.37834/SS23232101thb.